Корисничко име Лозинка Пријави се
08.7.2014

Кајт: Овде сме поради титулата

Дирк Кајт, фудбалерот на репрезентацијата на Холандија, изјави дека целта на „лалињата“ е светската шампионска титула. Холандија утре од 22 часот игра со Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.

„Аргентина е тим од светска класа и заслужува да биде меѓу четирите најдобри екипи. Но ние сакаме да ја измериме својата сила против најдобрите, и не само тоа, сакаме и да победиме. Затоа сме овде. Полуфиналето е фантастичен резултат, но знаеме какво е чувството да се изгуби титулата и би сакале сега да го земеме трофејот, тоа ни е целта“, изјави Кајт.
Моменталниот светски вицешампион доста се мачеше во четврт-финалето, но по натпреварот без голови, успеа на пенали да ја елиминира Костарика.
Сè беше како што треба, одигравме многу добро, но топката едноставно не сакаше во голот. Обично, со оглед на шансите коишто ги создадовме, би дале пет или шест голови, но такви работи се случуваат во фудбалот. Горд сум на соиграчите што во ниту еден момент не се предадоа и што цело време покажувавме колку сакаме да триумфираме. На крајот и го добивме тоа што го заслуживме“, додаде Кајт.
Холандија во Јужна Африка во финалето изгуби од Шпанија по продолженијата. Ќе видиме дали повторно можат до натпреварот за најдобриот трофеј на планетава.

Најнови вести