Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2016

Феенорд со нов негативниот клупски рекорд

Клубот од Ротердам ја забележа најлошата низа на резултати во Ередивизие.

Тимот на Џовани ван Бронкхорство последно време, се наоѓа во очајна форма и по поразот против тимот на Цволе го соборија негативниот клупски рекорд.
Клубот последната победа во холандскиот шампионат ја забележа на 6-ти декември против тимот на Хераклес.
До тогаш холандскиот великан беше на врвот на табелата, каде се бореше „рамо до рамо“ со големите ривали ПСВ и Ајакс.
По тоа следеше пад во играта на клубот и се редеа порази на кои сè уште не им се гледа крајот.
Така холандскиот великан во 23-тото коло во шампионатот го забележа седмиот пораз по ред, што е воедно и најлошиот период во клупската историја холандската Прва лига.

Најнови вести