Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2012

Нови проблеми со срцето за Евандер Сно

Холандскиот фудбалер Евандер Сно заврши во болница во текот на натпреварот на холандското првенство меѓу НЕК Најмехен и Феенорд.

Дваесет и петгодишниот Сно почувствувал болка во градите во текот на првото полувреме, по што во 34-тата минута е заменет. Пред две години Сно доживеа срцев удар за време на натпреварот со младинската екипа на Ајакс и за малку ќе го изгубеше животот. Лекарите успеаја да го оживеат по десетина минути.
Сно во саботата самостојно го напушти теренот, по што самоиницијативно побара колата на брзата помош да го префрли во болница, каде што му е пружена помош. Засега нема конкретни информации во каква состојба е поранешниот фудбалер на Валвијк.

Најнови вести