Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2013

Ајакс ја одбрани титулата во Холандија

Фудбалерите на Ајакс од Амстердам ја освоија шампионската титула во Холандија бидејќи на едно коло пред крајот на шампионатот стекнаа недостижна предност во однос на второпласираниот ПСВ.

Ајакс до 32-та титула во историјата, а трета по ред, дојде благодарение на победата од 5-0 против Вилем II.
Головите за Ајакс ги постигнаа Колбејн Сигторсон во 12-тата, Кристијан Ериксен во 25-тата, Виктор Фишер во 69-тата, Сим де Јонг во 82-рата и Дани Хусен во 89-тата минута.
Ајакс ќе игра во Лигата на шампионите, во квалификациите оди ПСВ, кој го победи НЕК со 4-2, додека Феенорд изгуби на гостувањето во Ден Хаг (2-0) и наредната сезона ќе игра во Лигата на Европа, исто како и четвртопласираниот Витесе.

Најнови вести