Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2014

Де Вреј нов член на Лацио

Стефан де Вреј, досегашниот фудбалер на Феенорд, кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот Лацио, а висината на трансферот изнесува околу девет милиони евра.

„Сакаме да му посакаме добредојде на најдобриот одбранбен играч на Мундијалот во Бразил“, изјави Стефано де Мартино, портпаролот на Лацио, за клупското радио.
За холандскиот репрезентативец во овој преоден рок се интересираше и англискиот Манчестер јунајтед, кого го презеде Луис ван Хал, досегашниот селектор на Холандија.
Де Вреј има 22 години, а во претходните пет сезони за Феенорд одигра 153 натпревари и постигна седум голови. Тој досега за националниот тим на Холандија одигра 19 натпревари и даде еден гол, а избран е во идеалниот тим на Мундијалот во Бразил.

Најнови вести