Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
20.1.2018

Ван Перси се врати во Феенорд

Робин ван Перси, некогашниот фудбалер на Арсенал и на Манчестер јунајтед, се врати во Феенорд, во клубот во којшто ја почна професионалната кариера, пренесуваат британските медиуми.

Триесет и четиригодишнио напаѓач во Феенорд доаѓа како слободен играч, бидејќи неодамна го напушти турскиот Фенербахче.
Холанѓанецот во 2001 година дебитираше за Феенорд и во наредните четири години за клубот одигра 78 натпревари и постигна 22 гола.
Кариерата ја продолжи во Арсенал, каде што на 278 натпревари постигна 132 гола, а во 2012 година направи трансфер во Манчестер јунајтед. Ван Перси е најдобриот стрелец на репрезентацијата на Холандија со 50 постигнати погодоци, а за неа играше 102 пати.
Феенорд, чиј тренер е неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата Џовани ван Бронкхорст, е петти во шампионатот на Холандија со 14 бодови помалку зад лидерот ПСВ од Ајндховен.

Најнови вести