Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2015

Гарсија: Рома без самодоверба

Руди Гарсија, тренерот на Рома, по ремито со Феенорд во Лигата на Европа, изјави дека на неговиот тим му недостасува самодоверба.

Рома поведе многу рано против Холанѓаните, со голот на Жервињо, но му дозволи на ривалот без вистинска шанса за гол, да избори реми пред реваншот во Ротердам.
„Игравме премногу длабоко по водството, не притискавме ефикасно. Ни дадоа гол од офсајд, сега мораме да погодиме во Ротердам. Тимот мора да ја врати самодовербата и повеќе да ризикува во нападот“, изјави Гарсија.
Иако гостите со ова реми имаат повеќе причини за задоволство, Гарсија верува во пласман во осминафиналето на Лигата на Европа.
„Нема да се откажеме, штета е што примивме гол, имавме шанси со Думбија и Жервињо, но сега ни недостасуваат добри резултати. За жал, добрата работа не е наградена. Мораме да бидеме поексплозивни“, изјави Французинот.

Најнови вести