Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2016

Роџерс: Притисокот е врз Ренџерс

Брендан Роџерс, менаџерот на Селтик, изјави дека Ренџерс има поголем притисок пред Олд фирм на „Ајброкс“ за Нова година.

Селтик има огромни 16 бодови предност на чело на табелата, а покрај тоа има одиграно и натпревар помалку.
Тимот на Роџерс во септември славеше со убедливи 5-1, а од 19 натпревари во Лигата оваа сезона испушти само два бода.
„Ние сме преполни самодоверба, сакаме да наметнеме наш стил. Кога ќе погледнеме каде сме ние, а каде се тие и колку се зад нас, секако дека и тие ќе имаат огромен мотив. Ќе сакаат да ја задржат низата на непобедливост на домашен терен, но ќе имаат и притисок поради своите навивачи коишто ќе сакаат победа. Секако очекувам тежок натпревар“, изјави Роџерс.

Најнови вести