Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2016

Ајестеран уште две години на клупата Валенсија

Тренерот на фудбалерите на Валенсија Пако Ајестеран потпиша двегодишен договор со шпанскиот клуб, соопштено е денес.

Ајестеран во март го презема тимот на Валенсија од Гери Невил кој беше отпуштен. Тој беше привремено решение на Управата, но сепак одлучено е да му дадат шанса, па 53-годишниот тренер потпиша договор со клубот до 30-ти јуни 2018 година. 
Валенсија во моментот кога Ајестеран ја презема беше на 14-тото место, близу до зоната за испаѓање, но со три врзани победи против Севилја, Барселона и Еибар тимот го потврди својот опстанок и на крајот од сезоната го зазема 12-тото место.
Тој покрај трите победи оствари и реми против Хетафе, но и порази од Лас Палмас, Вилјареал, Реал Мадрид и Реал Сосиедад. 

Најнови вести