Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2018

Барса без Пике ќе бори за пласман во финалето на Кралскиот куп

Жерар Пике, фудбалерот на Барселона, најверојатно ќе го пропушти претстојниот реванш-натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп против Валенсија.

Пике има проблеми со коленото, шпанските медиуми шпекулираат дека ќе паузира на два натпревари, па прашање е колку ќе биде подготвен за гостувањето кај Челзи (на 20-ти февруари) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Пике во натпреварот против Еспањол во неделата (1-1) ги истегна лигаментите на десното колено. Тој во дуелот, во градското дерби, го постигна голот за изедначување, па Барселона и по 22-те одиграни кола во Примера лигата остана единствена непоразена екипа.
Реваншот од полуфиналето на Кралскиот куп меѓу Валенсија и Барселона на програмата е во четврток. Во првиот натпревар Барселона победи со 1-0.

Најнови вести