Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2017

Интер го претстави седмото засилување

Жоао Кансело официјално дојде на едногодишна позајмица во Интер.

Италијанскиот клуб ќе може да го откупи неговиот договор од Валенсија по завршувањето на сезоната доколку сака да го задржи.
Дваесет и тригодишниот фудбалер игра на позицијата десен бек, а по потреба може да игра и поофанзивно.
Кансело е член на репрезентацијата на Португалија за која има пет настапи и три постигнати голови.
Португалецот е седмо засилување за Интер откако во клубот летово стигнаа Матијас Весино, Милан Шкриниар, Далберт, Факундо Колидио, Борха Валеро и Даниеле Падели.

Најнови вести