Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2017

Нани стигна во Рим

Португалскиот интернационалец Нани на последниот ден од преодниот рок би требало да потпише договор со Лацио.

Триесетгодишниот офанзивен фудбалер допатува во Рим и доколку сè биде во ред на лекарските прегледи, ќе стави потпис на договорот со „лацијалите“.
Висината на трансферот се проценува на 16 милиони евра, но постои можност Португалецот да биде позајмен со можност за откуп на договорот за осум милиони евра.
Нани минатото лето за 8,5 милиони евра од Фенербахче направи трансфер во Валенсија. Потпиша договор до 2019 година, а за „лилјаците“ постигна пет погодоци во 25 натпревари.
Претходно играше за Спортинг и за Манчестер јунајтед.

Најнови вести