Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2017

Лоши вести за Валенсија – на Заза мора да му биде извршена операција

На Симоне Заза, напаѓачот на Валенсија, ќе мора да му биде извршена операција поради повредата на менискусот, изјави тренерот на тој тим Марселино Гарсија Торал.

Најдобриот стрелец на „лилјаците“ со девет постигнати гола со менискусот има проблем веќе подолг период, но тој се влошил во текот на репрезентативните акции, поради што 26-годишниот играч не беше во тимот за натпреварите од баражот со Шведска.
„Тој со таа повреда игра веќе подолго време, но некогаш ќе се случи поради тоа да не може да настапи. Моментно е добро, но ќе мора да оди на операција бидејќи тоа не може да се излекува со мирување“, изјави Марселино.
Италијанскиот напаѓач игра одлично оваа сезона и е еден од најзаслужните за високата втора позиција на Валенсија во шпанската Ла Лига.
„Лилјаците“ утре гостуваат кај Еспањол во натпреварот од 12-тото коло.

Најнови вести