Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2017

Валенсија го задржува Гедес

Фудбалскиот клуб Валенсија договорил соработка со Гонсало Гедес и на ПСЖ ќе му исплати 35 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.

Португалецот се наоѓа на заем во тимот од „Месталја“ и се очекува „лилјаците“ да му ја испратат понудата на клубот од Париз.
Крилниот играч оваа сезона игра одлично за Валенсија и според пишувањата на „Ел Мундо“, клубот од Шпанија налето ќе се обиде да го доведе за постојано.
Предност за Валенсија е тоа што ПСЖ има проблеми со финансискиот фер плеј и ќе мора некого да продаде за да заработи од трансфери, а не само да троши.
Гедес оваа сезона во Ла Лига одигра 12 натпревари, во коишто постигна три гола и имаше пет асистенции.

Најнови вести