Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2018

Првенец на Кутињо, Барселона ќе ја брани круната против Севилја

Екипата на Барселона ќе ја брани титулата во Кралскиот куп откако во полуфиналниот двомеч беше подобра од Валенсија со вкупен резултат 3-0.

По минималната победа на „Камп ноу“, Барселона триумфираше и во гости со 2-0 (0-0).
Каталонскиот клуб во големото финале на 21-ви април ќе игра против Севилја, која еден ден претходно го елиминира Леванте.
Во првото полувреме немаше голови на „Месталја“, Лионел Меси се закани од слободен удар, додека Родриго на другата страна со ударот со глава ја затресе стативата.
Пред паузата, Жофреј Кондогбија пропушти добра шанса да го анулира минусот од првиот дуел, а сè беше завршено по четири минути од продолжението.
Луис Суарес ја испрати топката на другата статива од левото крило, а Филипе Кутињо одлично се снајде и лизгачки ја затресе мрежата на домаќинот за неговиот првенец во дресот на Каталонците откако дојде од Ливерпул оваа зима.
Валенсија се обиде да возврати, но тоа само остави уште повеќе простор за гостите, па Иван Ракитиќ ја потврди победата на неговиот тим во 82-рата минута, по новата асистенција на Уругваецот.

Најнови вести