Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2016

Густаво Појет е новиот тренер на Бетис

Уругваецот Густаво Појет е новиот тренер на шпанскиот прволигаш Бетис, соопшти клубот од Андалузија.

Појет со Бетис потпиша двегодишен договор, а на клупата го замени Хуан Маерин.
Тој пред доаѓањето во Андалузија седум месеци беше на клупата на грчкиот АЕК, каде поднесе оставка.
Појет во својата тренерска кариера работеше во Свиндон, Брајтон и Сандерленд, додека во играчката кариера настапуваше за Ривер плате од Уругвај, Гренобл, Сарагоса, Челзи и Тотенхем.
Како што е соопштено официјалното претставување на Појет ќе биде утре.

Најнови вести