Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2017

Лига на Европа: Милан обезбеди пласман, дебакл на Евертон, испадна Риека

Фудбалерите на Милан, на АЕК и на Брага се пласираа во нокаут-фазата на Лигата на Европа, додека од понатамошно натпреварување се збогуваа Хофенхајм, Риека, Евертон...

Во групата А, Славија го совлада Макаби со 2-0 во Тел Авив и го презеде второто место, со еден бод пред Астана на едно коло пред крајот. Двата тима во меѓусебната средба во Прага ќе одлучат кој ќе оди покрај Вилјареал во шеснаесетфиналето.
Во групата Ц, Брага го совлада Хофенхајм со 3-1 за пласман меѓу 32-та тима во натпреварувањето. До клучната победа дојдоа со головите на двократниот стрелец Франсержо во последните десет минути од натпреварот на домашен терен.
Во другиот натпревар од групата, Башакшехир го изненади Лудогорец со 2-1 во Разград и ги задржа шансите пред последното коло, во кое ја дочекува Брага. Германскиот тим е елиминиран.
Во групата Д, Милан по пресвртот ја декласира Австрија со 5-1, додека Риека ја испушти предноста од 2-0 во Атина, ремизираше 2-2 со АЕК и со тоа е елиминирана од ова натпреварување.
Во групата Е, Аталанта го понижи Евертон со 5-1 на „Гудисон парк“ за целосен дебакл на „карамелите“ во Европа и се пласира во наредната рунда. Италијанците во последното коло со Лион ќе се борат за првото место. Французите убедливо го совладаа Аполон со 4-0, па се израмнија со ривалот од Бергамо со по 11 бодови.
Најдраматично е во групата Ф, каде што неочекуван лидер пред последното коло е Шериф по победата над Злин со 1-0 на домашен терен. Молдавците со две победи го предводат колото со еден бод пред Локомотива, која го совлада Копенхаген со 2-1 во Москва. Данците и понатаму имаат шанси, но во последното коло мора да го победат Шериф и да се надеваат на кикс на Русите во Словачка.

Најнови вести