Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2011

Сплитски Хајдук пред банкрот?

Хрватскиот фудбалски клуб наскоро ќе објави банкрот бидејќи во моментов е должен 164 милиони куни (околу 22 милиони евра).

Ова го изјави претседателот на градската организација на Хрватската партија на правото, Марио Томасовиќ, и додаде: „На Хајдук му е потпишана смртна пресуда, а никој за тоа не е свесен“.
Приходите од спонзорство се намалени за 55%, од продажба на играчи за 60%, а за 11% се зголемени трошоците за администрација.
Според аборовите на Томасовиќ, градоначалникот на Сплит Жељко Керум знаел за финансиската состојба во која се наоѓал Хајдук, но вешто го криел тоа сè до собранието на клубот на кое претседателот на Хајдук, Хрвоје Малеш ги обелодени податоците според кои загубата лани биле поголема од 50 милиони куни.
„Хајдук има 100 вработени без тренерот и играчкиот кадар, а се зголемија раководните кадри, па така за еден ресор има вработен советник, директор и раководител на ресорот, а ниеден од нив не зема помала плата од 5000 евра бруто“, заврши Томасовиќ.

Најнови вести