Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2012

Ќиро Блажевиќ на клупата на Загреб

Легендарниот хрватски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ повторно се врати во хрватскиот фудбал откако е именуван за нов тренер на Загреб.

Блажевиќ својот втор ангажман на клупата на клубот од Крањчевачка улица ќе го почне во петок, деветти ноември, кога Загреб игра со Хајдук од Сплит.
Седумдесет и седумгодишниот Блажевиќ беше тренер на Загреб пред четири години, но тогаш соработката беше прекината по расправијата со тогашниот и сегашен претседател на клубот, Медиќ.
Моментно Загреб е претпоследен на табелата на хрватското првенство бидејќи по 14 одиграни кола, освои само девет бодови. Блажевиќ во сезоната 2006/07 го освои третото место во првенството на Хрватска, а сега се врати во Загреб благодарение на градоначалникот на хрватската престолнина, Милан Бандиќ.
„Знам дека ме чека тешка работа, но јас многу сум возбуден. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на градоначалникот и на претседателот на клубот. Во народот велат лебедова песна, но јас сум спремен, бидејќи, исто така, велат дека кога лебедот умира, тој најдобро и најубаво пее“, рече харизматичниот Блажевиќ.

Најнови вести