Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2017

Вардар ја продолжи победничката серија

Вардар конечно успеа да го совлада ППД Загреб во меѓусебните дуели победувајќи го со 29-23 (15-10) во натпреварот од седмото коло на групната фаза од Лигата на шампионите.

Европскиот и македонски шампион за прв пат оствари победа на теренот на хрватскиот шампион за 51-от триумф во Лигата на шампионите. Со тоа ја продолжи добрата серија во Лигата на шампионите освојувајќи бодови на 13 натпревари по ред. Во меѓусебните натпревари во Лигата на шампионите, Вардар сега има четири триумфи против ПДП Загреб на десетте одиграни средби.
Нашиот шампион останува лидер на табелата во групата А од Лигата на шампионите со 13 освоени бода на седум натпревари.
На почетокот на натпреварот во Загреб, Вардар сериозно ја сфати работата и не му дозволи на домаќинот да се надева на некаков успех. Штербик одигра на ниво и имаше 13 одбрани во првото полувреме, повеќе од постигнати голови на противникот. Нападот беше концентриран и имаше ефикасност од 58 отсто, а одбраната беше на 65 отсто.
Штербик за 15 минути одбрани 15 топки, а Вардар поведе со 10-5, што значи имаше солидна предност. „Црвено-црните“ играа одлично, Раул Гонзалез како да ги распореди силите, па тргна со Рожерио Мораеш на пивотмен и Криштопанс на бек. Екипата целиот натпревар играше без Лука Цилиндриќ, а Игор Карачиќ добро ја организираше играта и имаше одлични асистенции. На полувремето македонскиот шампион замина со предност од пет гола.
Во вториот дел Вардар брзо дојде предност од девет погодоци за водство од 24-15 и ништо не ѝ препушти на случајноста. На крајот нападот на македонскиот шампион заврши со ефикасност од 64 отсто, а одбраната беше на ниво од 44 отсто. Со тоа останува екипа со најдобрата одбрана во Лигата на шампионите сезонава.
Во следниот натпревар Вардар за противник го има Рајн Некар.

Најнови вести