Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2018

Вардар повторно шампион на СЕХА-лигата

Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во СЕХА-лигата откако го совладаа ПДП Загреб со 26-24. Ова е нов клупски рекорд на „црвено-црните“ и четврта титула во регионалната СЕХА-лига.

Вардар е единствениот клуб што играл во шест од вкупно седумте финалиња на регионалната СЕХА-лига, а е втор тим кој ја одбранил титулата и втор тим кој тоа го направил пред домашната публика. Вардарци оваа одлична сезона ја завршија без ниеден пораз и само со едно реми, што никому досега не му успеало.
„Црвено-црните“ ја разбија лошата традиција со ПДП Загреб, со кого постојано играле во натпреварите од фајнал фор и секогаш се бореле за пласман, но во финалето за бронзен медал губеле.
Вардар уште од самиот почеток најави дека има намера да доминира на натпреварот, со по двата гола на Криштопанс и на Циндриќ, а потоа и со погодокот на Борозан поведе со 5-2. Ракометарите од Загреб немаа притисок на натпреварот бидејќи беа аутсајдери, па поради тоа играа порелаксирано. Вардар постојано имаше предност од три до четири гола и се очекуваше дека ќе има лесна завршница. Но, во последните минути од првото полувреме, ПДП Загреб постојано ја намалуваше предноста користејќи ја секоја грешка на нашите ракометари, па на паузата замина со предност од 14-13.
Третото место на фајнал фор-турнирот го освои Целје откако во малото финале го победи Мешков со 31-28.

Најнови вести