Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2011

Реја останува во Лацио

Едоардо Реја, тренерот на Лацио, ќе го предводи овој клуб и во наредната сезона.

„Реја ќе остане во клубот и следната година. Веќе постигнавме договор со него во врска со продолжување на постојниот, а деталите ќе бидат објавени за брзо време“, рече спортскиот директор на римјаните, Игли Таре.

Реја на клупата на Лацио пристигна во февруари минатата година од сплитскиот Хајдук, а актуелниот договор му истекува на крајот на сезоната.

„Клубот работи напорно за да се замеша во борбата за титулата, во блиска иднина. Сакаме да се бориме за Скудетото секоја година“, додаде Таре.

Најнови вести