Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2013

Турново со реми против Хајдук се прости од Лигата на Европа

Последниот македонски претставник во европските натпреварувања, Турново, одигра нерешено 1-1 со Хајдук на реваншот од второто коло и со вкупен резултат 2-3 е елиминиран од квалификациите за Лигата на Европа.

По резервираните први 45 минути, головите беа постигнати во второто полувреме. Во 60 минута по една несигурна интервенција на одбраната на нашиот тим, Цакташ погоди за водство на Хрватите од 1-0.
Десет минути подоцна Сашко Пандев кој влезе во игра во вториот дел израмни на 1-1. По изедначувањето македонскиот претставник успеа да направи две одлични шанси, но и двете најдобриот играч на Турново, Блажевски, не успеа да ги реализира и да го одведе мечот во продолженија.
На крајот Хајдук заслужено се пласираше во третото квалификациско коло каде ќе игра со грузискиот претставник Дила, а Турново достојно се прости од својот прв европски настап.

Најнови вести