Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2013

Турново тесно поразен од Хајдук

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на Европа Турново загуби од Хајдук со 2-1.

За поразот на Турново беа клучни два моменти на грешки на одбраната. Фудбалерите на нашиот клуб храбро му се спротивставија на противникот, кој беше фаворит на средбата, и беа многу блиску без пораз да си заминат од празниот „Пољуд“.
Хајдук поведе во осмата минута со голот на Марко Бенцун. На крајот на првото полувреме поради играњето со рака на Куаси, на Турново му беше досуден пенал, а многу прецизно го изведе Дејан Блажевски. Во второто полувреме Турново имаше две одлични шанси за погодок за да стигне до драгоцено водство.
Зоран Балдовалиев и Блажевски не гги реализираа шансите, а казната стигна во 79-тата минута, повторно поради момент на невнимание, капитенот Малоча успеа да го совлада голманот Димовски.
Турново одигра добро и има изгледен резултат пред реванш-натпреварот по една седмица во Скопје, а според средбата на „Пољуд“, нашиот последен претставник во Лигата на Европа има шанси да се пласира во третата рунда.

Најнови вести