Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2012

И ЦСКА Москва заинтересирана за Крањчар

Откако е сигурно дека хрватскиот репрезентативец Нико Крањчар ќе го напушти Тотенхем во овој преоден рок, голем број клубови покажаа интерес за овој офанзивен играч за врска.

Како што пренесуваат медиумите од Островот, за поранешниот фудбалер на Динамо, Хајдук и Портсмут интерес покажал и рускиот гигант ЦСКА Москва. Крањчар и оваа сезона не добива шанса кај Хари Реднап, а овој пат дури е далеку и од вториот состав на тимот.
Иако се пишуваше дека Хрватот давал изјави дека и понатаму сака да остане на „Вајт харт лејн“, сепак станува сè поизвесно дека тој до крајот на овој трансфер-период ќе ја промени средината.

Најнови вести