Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Адеми неизвесен за дуелот на сезоната на Динамо

Хрватскиот првак вечерва на „Максимир“ игра против Јанг Бојс

Капитенот на Динамо, Аријан Адеми е неизвесен за денешниот меч против Јанг Бојс. Овој дуел на хрватскиот првак е наречен како меч на сезоната, бидејќи со евентуален поволен резултат, „модрите“ ќе се пласираат во групната фаза од Лигата на шампионите, а тоа носи многу милиони евра во клупската каза. 
По првиот меч одигран во Берн, Динамо одигра 1:1 против швајцарскиот првак. Тоа значи дека вечерва на реваншот доволно им е да одигра и без голови за да биде дел од 32-те најдобри екипи во Европа. 
Токму на средбата во Швајцарија, Адеми заработи незгоден удар и доби повреда поради која го пропушти мечот од домашното првенство против Локомотива, а неизвесно е дали ќе биде подготвен за вечерва против Јанг Бојс. 
Адеми е еден од најдобрите и најискусните во тимот на Динамо. Тој досега има одиграно девет меча во групната фаза од Лигата на шампионите и дури 22 средби во квалификациите за пласман во елитната лига и неговото искуство ќе биде од големо значење. 

 

Најнови вести