Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Меч на денот: Динамо има голем предизвик против Јанг бојс

Битка вредна 15 милиони евра

Динамо Загреб е клубот кој има најмногу настапи во групната фаза од Лигата на шампионите од земјите од поранешна Југославија. Хрватскиот првак и оваа година е само на еден чекор од уште еден пласман меѓу најдобрите 32 екипи во Европа. „Модрите“ вечерва на гости во Швајцарија ги играат првите 90 минути од двомечот против Јанг бојс. 
Според прогнозите, речиси се израмнети шансите на двата клуба за влез во групната фаза од елитното натпреварување на УЕФА. На вечерашниот меч, Јанг бојс ќе ја има предноста на домашен терен, но затоа Динамо е тој што реваншот ќе го игра пред своите навивачи на „Максимир“. 
Интересно е што формата на двата тима е како што само може да посакуваат. И Јанг бојс и Динамо победија на последните пет меча кои ги имаат одиграно. Швајцарците во оваа фаза се приклучуваат во европските натпреварувања, додека „модрите“ од Загреб веќе се добро загреани.
Динамо одигра четири натпревари во квалификациите за ЛШ и забележа три победи и само едно реми. Против Хапоел Бер Шева победи со 5-0, а потоа одигра 2-2, додека против Астана во двете средби не прими ниеден гол (2-0, 1-0). 
УЕФА дава голем финансиски мотив, па за влез во групната фаза од ЛШ следуваат 15 милиони евра. Потоа оваа сума може да биде и многу поголема, доколку се направат добри резултати во следните шест меча кои се загарантирани во европската есен во ЛШ. 
Според најавите, Јанг бојс има мали проблеми околу составот, бидејќи Тешеира, Мвула и Асале се жалат на повреди. Во тимот на Динамо сите се подготвени да го дадат максимумот. Капитен на Динамо е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, што значи дека Македонија има свој адут во таборот на „модрите“.
Јанг бојс ја има улогата на фаворит во овој дуел. За победа на швајцарскиот првак се дава коефициент 1.80. Ремито е 3.60, додека победа на Динамо е 4.33. За потсетување, Динамо и во претходното коло против Астана не беше во улога на фаворит, но на гостувањето славеше со 2-0. Во нашите обложувалници коефициентот за 0-2 гола е точно 2. За да има повеќе од два погодоци, односно за 3+ се дава коефициент 1.80. Мечот започнува во 21 часот. 

 

Најнови вести