26.12.2015 Ибрахимовиќ, Банега, Ивановиќ и Тери се слободни да бираат
За неколку денови започнува зимскиот преоден рок, а освен оние што може да ги купат, европските клубови ќе имаат на располагање и многу ѕвезди на кои ова лето им истекуваат договорите.
Според „Босмановото правило“ кое е на сила од 1995 година, фудбалерите на кои им се останати шест месеци од договорот се слободни да преговараат со други клубови и да ги напуштат своите актуелни без обесштетување по неговото истекување.
Овој јануари неколку звучни имиња ќе можат слободно да преговараат со заинтересираните страни, а меѓу нив се Златан Ибрахимовиќ, Бранислав Ивановиќ, Џон Тери, Мигел Велосо, Евер Банега, Рикардо Монтоливо, Езекиел Лавеци...
Освен нив големо внимание ќе привлечат и Самир Хандановиќ, Жоел Матип, Мартин Касерес, Андре Карило, Андреа Барцалји, Александар Кокорин, Игор Денисов, Мајкл Карик, Хатем Бен Арфа, Матијас Фернандес, Џоел Кембел, Софијан Фегули, Едер Баланта, Јоан Гуркуф...