Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2013

Беналјо останува во Волфсбург до 2016 година

Диего Беналјо, 29-годишниот голман на Волфсбург и на швајцарската репрезентација, останува во германскиот бундеслигашки клуб до 2016 година. Официјално таков договор Беналјо потпишал оваа седмица.

Беналјо со Волфсбург потпиша продолжување уште минатата година, но тогаш овој клуб го застапуваше тогашниот тренер Феликс Магат, кој тогаш ја извршуваше и должноста менаџер на клубот.
Но со заминувањето на Магат од двете должности, тој договор стана невалиден, па на Волфсбург му се закануваше можноста како слободен играч Беналјо, инаку капитен на Волфсбург, да го напушти клубот во текот на летово. Тоа нема да се случи бидејќи и желбата на Беналјо била да остане во екипата која моментно се наоѓа на тринаесеттото место на табелата.
Беналјо во Волфсбург дојде во 2008 година од португалскиот Насионал.

Најнови вести