Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2012

Волфсбург го отпушти Магат

Бундеслигашот Волфсбург го отпушти тренерот Феликс Магат после лошиот старт во новото првенство и пласманот на последното место на табелата по осум одиграни кола.

„Волците“ на утрешното гостување кај Фортуна Дизелдорф ќе ги предводи тренерот на вториот тим на Волфсбург, Лоренц Гунтер Костнер, кој веќе беше привремен тренер во 2010 година. И сега би требало да е само привремено решение, а германските медиуми шпекулираат дека најголем кандидат за наследник на Магат е поранешниот тренер на Реал Мадрид, Бернд Шустер. Кандидати за спортски директор се поранешниот фудбалер на Волфсбург, Штефан Шнор и доскорешниот спортски директор на Баерн Минхен, Кристијан Нерлингер.
Ова е прва тренерска смена во Бундес лигата во оваа сезона. Вакво нешто можеше и да се очекува со оглед на тоа што Волфсбург во осум кола освои само пет бодови, а имаше четири порази на последните четири натпревари. Магат во 2009 со Волфсбург сензационално стана германски шампион, но во вториот мандат не беше успешен.

Најнови вести