Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2012

Иванов одработил еден тренинг во Локо Пловдив и побегнал

Поранешниот бугарски репрезентативец Георги Иванов поднесе оставка на местото на шеф на стручниот штаб на Локомотив Пловдив, само еден ден откако беше назначен на таа должност.

Триесет и шестгодишниот Иванов, кој двапати беше прогласен за најдобар фудбалер во Бугарија, беше претставен пред медиумите во средата, кога го замени Емил Велев, кој беше отпуштен заради лошите резултати на почетокот на сезоната.
Меѓутоа, младиот стручњак по тренингот во четвртокот одлучил да се повлече поради организацискиот хаос во клубот.
Сопственикот на Локомотива Пловдив, Веселин Марешки, не успеал да го наговори Иванов да се премисли, пренесуваат бугарските медиуми.
Клубот од Пловдив, кој во 2004 година беше шампион на Бугарија, по осум одиграни кола е на 13 место на табелата на бугарското првенство и заостанува 16 бодови зад лидерот Лудогорец.