Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2012

Волфсбург шест месеци без Пилар

Чешкиот фудбалски репрезентативец Вацлав Пилар заработи тешка повреда на коленото на пријателската средба меѓу Чешка и Украина и му претстои пауза долга шест месеци.

Како што покажаа лекарските прегледи, на новиот фудбалер на Волсфбург му пукнале вкрстените лигаменти на коленото и ќе биде опериран денеска или утре.
Дваесет и тригодишниот Пилар летово направи трансфер во Волфсбург од Храдец кралове за 1,5 милиони евра, а по оваа повреда ќе мора да го чека своето деби во Бундес лигата во втората половина на новата сезона.
Ова е нов удар за составот на Феликс Магат пред почетокот на сезоната, откако на пријателскиот натпревар против Манчестер сити иста повреда заработи и напаѓачот Патрик Хелмес.

Најнови вести