Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2012

Волфсбург го продолжи договорот со Магат

Феликс Магат, тренерот и спортски директор на Волфсбург, го продолжи договорот и на чело на стручниот штаб би требало да остане сè до 2015 година.

Во својот втор мандат на кормилото на Волфсбург Магат имаше потпишано обврска до крајот на наредната сезона, а сега е договорена соработка на уште две нови сезони.
„Веруваме во континуитет и сметаме дека со Магат сме на вистинскиот пат. Зад нас е еден успешен период, а ова рано продолжување на соработката е потврда на нашата доверба во него“, изјави претседателот на управата на клубот, Франциско Хавиер Гарсија Санц.
Целта за наредната сезона, како што се говорело додека се потпишувал договорот, е место кое ќе го води клубот на европска сцена. Минатата сезона во Бундеслигата Волфсбург заврши на осмата позиција, а едно место погоре ќе му обезбедеше настап во Лигата на Европа.

Најнови вести