Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Стојков повторно „се врза“ со Пандев

Напаѓачот е големо засилување за шпицот на Академија Пандев

Аце Стојков потпиша договор со Академија Пандев. Од клубот се пофалија дека Стојков ги договорил условите и ставил потпис на едногодишен договор со отворена понуда од клубот и за понатамошна соработка. 
Со доаѓањето на искусниот Стојков, „пандевци“ значајно ќе се засилат во нападот и ќе го добијат потребното искуство на најмладиот тим во ПМФЛ, според просечната возраст на фудбалерите. Стојков во сезоната што следува ќе го носи дресот со бројот 77. 
Стојков кој има 35 години, е поранешен младински и сениорски репрезентативец на Македонија (за А тимот има 40 меча и пет гола), а во богатата фудбалска кариера која ја почна во струмичка Беласица заедно со Горан Пандев, чиј клуб е Академија, има настапувано за тимови како Интер, Специја, Партизан, Арау, Дебрецен, Вардар, Ботошани, Работнички...
Во минатата сезона, тој беше во скопски Вардар.