22.2.2017 Се разделија Блекбурн и Којл
Блекбурн роверс и менаџерот Овен Којл ја раскинаа соработката по меѓусебниот договор.
Којл помина осум месеци на клупата на Блекбурн, кој е претпоследен во Шампионат лигата со три бода од сигурната зона.
Блекбурн под водство на Којл оствари само 11 победи на 37 натпревари, а се разделија два дена по елиминацијата од ФА купот со поразот од Манчестер јунајтед (2-1), по пресвртот на „Ивуд парк“.
„Одлуката е донесена за да може клубот да ја добие најдобрата можна шанса да опстане во Шампионат лигата“, се наведува во соопштението на клубот.
Веќе со месеци владее нестабилна состојба во клубот, а предизвикана, пред сè, од протестите на навивачите против сопственикот.
Блекбурн во петок ќе гостува кај Бартон.