20.7.2016 Гасол ќе ги пропушти Олимписките игри
Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Марк Гасол ќе ги пропушти Олимписките игри во Рио бидејќи не успеа да ја санира повредата на стапалото, пренесува АБЦ.
Како што се наведува, по две недели безуспешни подготовки, Гасол во договорот со својот клуб Мемфис и шпанскиот сојуз одлучи да го откаже настапот во Рио.
Селекторот на Шпанија, Серџо Скариоло конечниот список од 12 играчи ќе го објави непосредно пред турнирот.
Шпанија во Рио ќе настапи во Групта Б со Аргентина, Бразил, Литванија, Нигерија и Хрватска.
Актуелниот првак на Европа на претходните игри во Лондон беше поразен во финалето од селекцијата на САД со 107:100.
Олимписките игри во Рио ќе се одржат од 5-ти до 21-ви август.