Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2016

Германија е новиот европски првак, бронзата за Хрватите

Германија го освои златниот медал на Европското првенство во Полска откако во финалето ја победи Шпанија со 24-17 (10-6).

На Германија ова ѝ е втора златна европска медала по триумфот на Европското првенство во Словенија во 2004 година, додека пак за репрезентацијата на Шпанија ова е второ сребро. Германија играше сигурно и квалитетно и без поголеми проблеми ја победи Шпанија.
Репрезентацијата на Германија ја предводеше Каи Хефнер со седум голови, додека пак Руне Дамке постигна четири, а за репрезентацијата на Шпанија Раул Ентериос постигна пет голови.
Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Хрватска, која вчера ја победи Норвешка со 31-24. Најдобар кај Хрватите беше Златко Хорват со осум голови, додека Иван Стевановиќ имаше неколку важни одбрани во текот на второто полувреме.
Ова е трета бронзена медала за репрезентацијата на Хрватска, по 1994 и 2012 година, а петта во историјата бидејќи на континенталните шампионати 2008 и 2010 година освојуваа сребро.

Најнови вести