Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2014

Малуда официјално во Мец

Францускиот прволигаш Мец објави дека го ангажирал поранешниот француски репрезентативец Флоран Малуда.

Малуда договорно го раскинал договорот со Трабзон минатиот месец и во Мец доаѓа како слободен играч каде потпишал едногодишен договор со опција за продолжување на соработката.
Според француските медиуми, Малуда наводно одбил неколку англиски клубови за да дојде во Мец.
Триесет и четиригодишниот Малуда професионалната кариера ја почна во Шатору пред да прејде во Генгамп во 2000 година. Три години подоцна потпиша за Лион со кој освои четири титули шампион на Франција во низа.
Настапите во Лион беа доволни Жозе Мурињо да го доведе во Челзи каде ги оствари најголемите успеси во кариерата. Со „сините“ ги освои Премиер лигата, три ФА купови и Лигата на шампионите. По трансферот во Турција за Трабзон одигра само 19 натпревари.
Малуда има 80 настапи за француската репрезентација на кои постигна девет голови.

Најнови вести