Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2016

Балотели блесна, Ница го победи Марсеј

Марио Балотели веројатно ја доби последната шанса да ја спаси својата кариера и веднаш ја зграби со двете раце.

Контроверзниот италијански напаѓач ја оправда довербата на Ница и со двата гола ја режираше големата победа против локалниот ривал Олимпик од Марсеј со 3-2 по двократниот пресврт.
Балотели ги доведе домаќините во водство со пеналот уште во седмата минута, а седум минути подоцна резултатот го израмни Товен.
Пресврт на гостите од Марсеј им донесе Гоми со пеналот во 72-рата минута, но шест минути подоцна Балотели уште еднаш се запиша во листата на стрелците. На две минути пред крајот на средбата, домаќините стигнаа до победа со голот на Сиприен.
Победи во четвртото коло на Лига 1 вчера остварија екипите на Мец и Рен. Мец во гости го совлада Нант со 3-0, додека Рен на свој терен беше подобар од Каен со 2-0.
Мец славеше со хет-трикот на Ердинч за трета победа во сезоната, а бодовите на Рен му ги донесоа Саид во 47-мата и Прциќ во 92-рата минута.

 

Најнови вести