Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2015

Малуда ќе паузира дваесетина дена

Поранешниот француски репрезентативец Флоран Малуда ќе паузира најмалку три седмици поради повреда на задниот дел на бутниот мускул, соопшти неговиот клуб Мец.

Малуда се повреди минатиот викенд на натпреварот против Лион, во којшто неговиот тим изгуби со 2-0.
Тој оваа сезона како слободен играч од Трабзонспор дојде во Мец.
Најмногу успеси имаше играјќи за Челзи, со кого ја освои Премиер лигата, како и три пати ФА купот и Лигата на шампионите, а во текот на кариерата настапуваше за Шатору, Генгамп и Лион.
Мец има 20 бодови и заедно со Ланс го дели последното место на табелата на Лига 1.

Најнови вести