Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2013

Пици на клупата на Валенсија

Хуан Антонио Пици, некогашниот фудбалски репрезентативец на Шпанија, е нов тренер на Валенсија, потврди клубот од стадионот „Месталја“.

Пици на таа функција ќе го замени српскиот стручњак Мирослав Ѓукиќ, кој неодамна доби отказ поради променливите резултати на екипата.
Пици е роден во Аргентина, но поголемиот дел од кариерата го помина во Шпанија, а за „црвената фурија“ одигра 22 натпревари и постигна осум голови.
Претходните две сезони Пици беше тренер на Сан Лоренцо, а со оваа екипа неодамна ја освои шампионската титула на Аргентина. Тој, исто така, пред две години беше шампион на Чиле со екипата на Универзидад Католика.
Валенсија не ги соопшти финансиските детали и должината на договорот на Пици.
Екипата на Валенсија моментно се наоѓа на 11-тото место на табелата на Примера лигата со 20 бодови, 26 помалку од водечките Барселона и Атлетико Мадрид.

Најнови вести