Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2013

ФИФА: Египет како домаќин во Каиро

Светската фудбалска федерација му дозволи на Египет реванш-натпреварот од баражот за Светското првенство со Гана да го одигра во Каиро, и покрај загриженоста за безбедносната ситуација во земјата.

Гана првата средба ја доби со 6-1, а Фудбалскиот сојуз на земјата бараше од ФИФА да пронајде безбедно место за одржување на натпреварот на 19-ти ноември на неутрален терен поради протестите во престолнината на Египет.
Сепак, владејачкото тело на светскиот фудбал вчера објави дека натпреварот ќе биде одигран во Каиро по посетата на делегацијата на ФИФА, но е побарано да се гарантира безбедност.
ФИФА, исто така, објави дека одлуката финалето на африканската Лига на шампиони да биде одржано во Каиро на десетти ноември покажува дека ситуацијата во Египет полека се враќа во нормала.
На навивачите ќе им биде дозволено да присуствуваат и на натпреварот со Гана и на финалето на Лигата на шампионите, по претходната одлука сите големи натпревари да бидат играни на малиот стадион „Ел Гуни“ на брегот на Црвеното Море и подалеку од големите градови.

Најнови вести