Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2013

Африкански квалификации: Гана и Египет во бараж за СП

Со ждрепка во Каиро се одредени паровите за последната рунда на африканските квалификации за Светското фудбалско првенство, кое ќе се одржи идната година во Бразил.

Во барабанот се најдоа десетте најуспешни репрезентации од првите два круга на африканските квалификации, а според ждрепката, патниците за Светското првенство во Бразил ќе се одлучуваат меѓу: Гана и Египет, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал, Етиопија и Нигерија, Буркина Фасо и Алжир и Тунис и Камерун.
Најзвучен пар дефинитивно е оној во кој се сретнуваат Гана и Египет, додека најлесна работа би требало да има Нигерија, актуелниот шампион на Африканскиот куп на нациите.
Првите натпревари на распоредот се меѓу 11-ти и 15-ти октомври, додека реванш-средбите се играат од 15-ти до 19-ти ноември.

Ждрепката за третиот круг од африканските квалификации за СП:

Гана – Египет
Брегот на Слоновата Коска – Сенегал
Етиопија – Нигерија
Буркина Фасо – Алжир
Тунис – Камерун

Најнови вести