Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2013

Алдервејрелд и Гилавоги во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид, актуелниот освојувач на шпанскиот Кралски куп и трета екипа минатата сезона во Примера лигата, доведе две засилувања – едното од Ајакс, а другото од Сент Етјен.

Од холандскиот шампион на стадионот „Висенте Калдерон“ дојде Тоби Алдервејрелд, 24-годишниот одбранбен играч, кој од почетокот на кариерата, од 2008 година, е во клубот од Амстердам. Алдервејрелд, инаку белгиски репрезентативец, со Атлетико потпиша четиригодишен договор за, се верува, седум милиони евра.
Покрај со него, Атлетико се засили и со Жозуа Гилавоги, играчот за врска на Сент Етјен. Овој 22-годишен фудбалер ги помина сите француски селекции,неодамна дебитираше и во А-репрезентацијата на Франција, а целата професионална кариера, од 2009 година, ја помина во Сент Етјен.
Шпанските извори кажуваат дека Атлетико за него платил оштета од десет милиони евра.

Најнови вести