Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2013

Валерон потпиша за матичниот Лас Палмас

Хуан Карлос Валерон, 38-годишниот поранешен шпански фудбалски репрезентативец, и во доцните играчки години, одлучи да ја продолжи својата кариера. По 13 години ги напушти редовите на Ла Коруња и потпиша за Лас Палмас.

Станува збор за шпански второлигаш, но по игра на случајноста, Лас Палмас во првото коло на новата сезона силите ќе ги одмери токму против Ла Коруња, екипата која минатата сезона повторно падна во понизок ранг на натпреварување.
Валерон потпиша едногодишен договор со можност за ново едногодишно продолжување.
Овој играч за врска ја почна професионалната кариера во Лас Палмас во 1995 година, а потоа пред Ла Коруња играше за Мајорка и за Атлетико Мадрид. За шпанската репрезентација во текот на кариерата настапи 46 пати и притоа постигна пет голови.

Најнови вести