Корисничко име Лозинка Пријави се
05.6.2013

Ериксон го презеде Гванжу

Кинескиот клуб Гванжу соопшти дека го ангажирал Свен-Јоран Ериксон, поранешниот селектор на Англија, за нов тренер, на период од 18 месеци.

Шведскиот стручњак до понеделникот работеше како технички директор на клубот Ал Наср од Соединетите Арапски Емирати.
Ериксон во текот на долгата кариера пет години ја водеше англиската репрезентација, беше тренер на Фиорентина, Рома, Лацио, Бенфика, Манчестер сити, а беше и селектор на Мексико и на Брегот на Слоновата Коска.
Швеѓанецот во последните две години имаше и неколку краткорочни ангажмани, во англискиот второлигаш Лестер, а беше советник во еден тајландски клуб, додека пет месеци помина како директор во Ал Насри.

Најнови вести