Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2013

И Левандовски оди во Баерн Минхен?

Баерн од Минхен реши да го расформира тимот на Борусија Дортмунд, по стапките на Марио Гетце ќе тргне и Роберт Левандовски, ако му се верува на агентот на Јуп Хејнкес.

Енрике Рејес, агентот на тренерот на „баварците“, за шпанските медиуми рече дека трансферот на Полјакот во Минхен одамна е договорен.
„Тоа сите веќе го знаат, Левандовски доаѓа во Баерн“, изјави Рејес.
Полскиот репрезентативец пред три години дојде во Дортмунд од Лех, во дресот на „милионерите“ постигна 53 голови на 94 натпревари и освои две шампионски титули на Бундеслигата.
На крајот на минатата година се зборуваше дека Левандовски ќе го засили Манчестер јунајтед.

Најнови вести