Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2013

Боатенг во Олимпијакос

Репрезентативецот на Гана ќе биде големо засилување за шампионот на Грција, Олимпијакос.

Дерек Боатенг, фудбалскиот репрезентативец на Гана, до крајот на сезоната ќе игра во редовите на шампионот на Грција, Олимпијакос од Пиреј.
Боатенг ги помина лекарските прегледи во грчкиот клуб, а Олимпијакос на крајот на сезоната ќе има опција да го продолжи договорот со него уште за две години.
Фудбалерот од Гана првиот дел од сезоната го помина во украинскиот Днипро, а во кариерата беше член и на: Каламата, Панатинаикос, ОФИ, АИК од Стокхолм, Бејтар Ерусалим, Келн и Хетафе.
Овој 29-годишен играч за врска за селекцијата на Гана настапил 46 пати и постигнал еден гол.

Најнови вести