Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2017

Олимпијакос ја освои 44-тата титула, седма по ред

Фудбалерите на Олимпијакос од Пиреј ја освоија 44-тата шампионска титула на Грција во историјата откако во 29-тото коло ја совладаа Јанина со 5-0.

Екипата на тренерот Такис Лемонис на стадионот „Георгиос Караискакис“ убедливо ја победи Јанина, а стрелци беа: Марко Марин во 21-вата, Мануел да Коста во 24-тата, Алберто де ла Бела во 29-тата и во 71-вата и Алехандро Домингес во 81-вата минута од пенал.
Олимпијакос има 64 бода на едно коло пред крајот на регуларниот дел на првенството, додека на второто место е ПАОК со шест бода помалку.
„Црвено-белите“ од Пиреја во последното коло гостуваат кај Панетоликос, но тој натпревар нема резултатско значење за ново-стариот шампион на Грција.
Олимпијакос со новата титула се избори за третата рунда во квалификациите на Лигата на шампионите, додека екипите од второто до петтото место (ПАОК, Панатинаикос, АЕК и Паниониос) одат во баражот за пласман во квалификациите во тоа натпреварување.
Левадијакос и Верија испаднаа од Лигата.

Најнови вести