Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2016

Лига на Европа: Испадна Вест хем, Олимпијакос едвај се пласира

Екипата на Астра направи најголемо изненадување во плејоф-рундата од квалификациите за Лигата на Европа.

Романскиот состав ги шокира навивачите на Вест хем на лондонскиот Олимписки стадион откако по ремито (1-1) пред своите навивачи во првата средба, славеше со голот на Фелипе Тешеира во 45-тата минута.
„Чеканите“ на тој начин се и втора година по ред елиминирани од второто според квалитет европското натпреварување.
Од друга страна, Олимпијакос по елиминацијата од Лигата на шампионите, барем така делуваше, имаше лесна задача против португалската Арока. Но, Пирејците со големи маки едвај успеаја да ги елиминираат гостите дури по продолженијата.
Најголема драма беше видена на „Пољуд“, каде што Макаби Тел Авив по изведувањето на пеналите, успеа да се пласира во групната фаза.
Преостанатите фаворити главно без поголеми проблеми дојдоа до место на ждрепката, која на програмата е денес од 13 часот во Нион. Панатинаикос ги сочува големите 3-0 со ремито 1-1 против Брондби во Данска, Карабаг со убедливи 3-0 го стигна и го престигна резултатот 1-0 на Гетеборг од првата средба. Гент ја победи Шкендија со 4-0, вкупно 6-1, додека на словенечкиот Марибор му недостасуваше погодок за елиминација на Габала, 1-0 (вкупно 3-2).

Лига на Европа, плејоф-рунда:
Карабаг – Гетеборг 3-0 (прв натпревар 0-1)
Брондби – Панатинаикос 1-1 (0-3)
Грасхоперс – Фенербахче 0-2 (0-3)
Слован Либерец – АЕК Ларнака 3-0 (1-0)
Росенборг – Австрија Виена 1-2 (1-2)
Партизан – Краснодар 0-0 (0-4)
Ал Алкмар – Војводина 0-0 (3-0)
Андерлехт – Славија Прага 3-0 (3-0)
БАТЕ Борисов – Астана 2-2 (0-2)
Генк – Локомотива Загреб 2-0 (2-2)
Османлиспорт – Митјиланд 2-0 (1-0)
ПАОК – Динамо Тбилиси 2-0 (3-0)
Шкендија – Гент 0-4 (1-2)
Спарта – Сондерјиске 3-2 (0-0)
Марибор – Габала 1-0 (1-3)
Црвена ѕвезда – Сасуоло 1-1 (0-3)
Хајдук – Макаби Тел Авив 2-2 по пенали 3-4 (1-2)
Олимпијакос – Арока 2-1 по продолженија (1-0)
Сент Етјен – Бејтар Ерусалим 0-0 (2-1)
Вест хем – Астра 0-1 (1-1)
Шахтар Донецк – Басакшехир 2-0 (2-1)
Рапид Виена – Тренчин 0-2 (4-0)

Најнови вести